Голманот на Тотнем, Иго Лорис се повреди на мечот со Манчестер сити во неделата, кој Спарс го добија со 1-0. Утрово стигнаа вести дека повредата е сериозна и дека 36-годишниот Французин ќе отсуствувал од шест до осум недели.
Лорис имал оштетени лигаменти на едното колено, па дури и да се остварат најоптимистичките претпоставки и да биде подготвен за шест недели, тоа повторно значи дека нема да заигра до април, со оглед дека последните 10 дена од март се резервирани за репрезентативен фудбал.