Амбасадорот во Шведска и поранешен министер за надворешни работи и одбрана на Литванија, Линас Линкевичиус денеска изјави дека рускиот град Калининград ќе биде „неутрализиран“ доколку Русија се осмели да го предизвика НАТО.
- Два хороскопски знаци би можеле да се збогатат во јануариДодека некои вредно работат на новогодишните одлуки во јануари, други може да бидат пријатно- прочитај повеќе
- Терапевтот издвоил 3 фрази кои го оддалечуваат партнерот од вас: Откри што да кажеме наместо нивСекој пар барем еднаш доживеал некаков конфликт во својата врска. Несогласувањето за одредени теми- прочитај повеќе
- Виктор беше првата жртва на пожарот во Лос Анџелес: Пожарникарите го пронајдоа со црево во рацете како се обидувал да се спаси (фото)Една од петте жртви на катастрофалните пожари што го зафатија Лос Анџелес е идентификувана како Викор Шо (66),- прочитај повеќе
- Филипче ги обвини: Нема место за опасни политики во нашето општество, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ сојузници во создавање тензииПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ остро ја критикуваше реториката и- прочитај повеќе
- Принцот Вилијам ѝ го честиташе роденденот на Кејт Мидлтон: Неговите трогателни зборови го обиколија светот (фото)Принцот Вилијам денеска и’ го честиташе 43 роденден на својата поубава половина, нарекувајќи ја „најневеројатната сопруга- прочитај повеќе
- Откако Шведска стана членка на Алијансата, Балтичкото Море стана внатрешно море на НАТО. Ако Русија се осмели да го предизвика НАТО, Калининград би бил првиот што ќе биде „неутрализиран“ – напиша Линкевичиус на социјалната мрежа Х.
After #Sweden was integrated into the Alliance, the Baltic Sea became an internal #NATO sea. If #Russia dares to challenge NATO, Kaliningrad would be "neutralized" first. Russia's previous false accusations that it is surrounded by NATO are now becoming a reality. pic.twitter.com/f3ftiMO4ED
— Linas Linkevicius (@LinkeviciusL) February 27, 2024
Тој додаде дека претходните тврдења на Русија дека е опкружена со НАТО „сега стануваат реалност“.
Унгарскиот парламент вчера го ратификуваше барањето на Шведска за членство во НАТО, со што беше надмината и последната пречка за проширување на Алијансата во таа скандинавска земја.
По потпишувањето на документите во Вашингтон, Шведска ќе стане 32-та членка на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.