Се појави снимка кога автомобилот на директорот се забива во автомобили на наплатна рампа

Српската полиција денеска го уапси возачот на директорот на Коридорот на Србија, Зоран Бабиќ, Д.С.(35) поради загрозување на безбедноста на сообраќајот.
Во тешката сообраќајна несреќа на наплатата рампа кај местото Дољевац, во близина на Лесковац, загина Станика Глигоријевиќ(52) од селото Дебелица, а повредени се уште 4 лица, меѓу кои и Зоран Бабиќ.

За предизвикување на насреќата осомничен е неговиот возач.
На снимката која се појави во медиумите се гледаат две возила кои стојат на наплатна рампа. Ужасот се одиграл во дел на секундата. Автомобилот на Зоран Бабиќ буквално ги смачкал возилата пред него, а во едно од нив била жената кој починала на лице место. Автомобилот на Бабиќ удрила во опел астра, кој го оттурнал пасатот пред него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.