Се појави снимка која наводно е на Вилма Русковска во која таа коментира како заборавила притвореник… 👇

Скандалозна аудио снимка објавена на социјалните мрежи. На снимката се слуша гласот на шефицата на одделението за гонење на организиран криминал Вилма Русковска како изјава дека намерно „заборавила“ притвореник два месеци во притвор.

Во коментар за Алсат, содржината на записот ја искоментира и шефицата на Обвинителството за организиран криминал.

„Нема шанса некој да биде „заборавен“ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла „заборавен“, тоа е фигуративно кажано“, рече Вилма Русковска – обвинителка.

Пронајдете не на следниве мрежи: