Домашните намази се одличен избор кога сакате да направите брз сендвич. Можете да направите домашна паштета, намаз со фета сирење, но наместо солено, ви предлагаме да направите сладок намаз. Заменете го џемот со вкусен домашен џем од јагоди и лешник кој ќе ве воодушеви уште од првиот залак.
Состојки:
200 гр лешници
60 гр шеќер
70 гр јагоди
1 лажица сок од лимон
Рецепт:
Исечкајте ги лешниците во блендер. Блендирајте додека не добиете паста, потоа додадете шеќер и јагоди и продолжете со блендирањето. Кога сите состојки добро ќе се соединат, истурете го со сокот од лимон и повторно изблендирајте. Добиениот намаз истурете го во стерилизирана тегла и затворете го. Чувајте го во фрижидер, а намазот можете да го користите и на леб, како и за колачи.