Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се повредени во несреќа кога патнички автобус што сообраќал од Текирдаг до Анталија, Турција, се превртел откако возачот не успеал да помине на кривина. На местото на несреќата се испратени полициски и медицински екипи, а тоа, како што пишува ТРТ Хабер, личи на воена зона.
На местото на настанот се испратени полициски, медицински и противпожарни екипи.
Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, објави дека несреќата се случила во 10:20 часот по локално време.
Во несреќата загинаа осум луѓе, додека 26 повредени се префрлени во блиските болници. Истрагата за инцидентот е во тек.
Иако причината за несреќата сè уште не е јасна, се верува дека патиштата биле влажни и лизгави поради дождот, што можеби придонело за несреќата на автобусот.



