Се преврте чамец со мигранти и бегалци кај островот Хиос во Грција

Грчката крајбрежна служба спасила 36 мигранти и бегалци, а по двајца се трага откако чамецот со кој се превезувале се превртел  во близина на островот Хиос. Бегалците и мигрантите со чамец тргнале од турското крајбрежје, а крајната дестинација им бил грчкиот остров Хиос, јави дописничката на МИА од Атина.
Во спасувачката акција во морскиот дел источно од Хиос учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, на ФРОНТЕКС, еден спасувачки чамец и хеликоптер на воената авијација на Грција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.