Се проверува дали Панчевски ја напуштил државата, распишана е потерница за него

Се проверува дали Панчевски ја напуштил државата, распишана е потерница за него

Потерница е распишана за екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев ова го потврди на денешната прес-конференција. Полициските службеници во три наврати не успеале да го пронајдат на адресата што била наведена во решението за приведување.

„Судот до СВР Велес достави наредба за приведување со решение за притвор, секторот за внатрешни работи тоа го достави до СВР Скопје и во три наврати припадници на полицијата од полициската станица во Центар се обидуваа да го пронајдат бараното лице, но не успеаја, по што беше информиран СВР Велес и е распишана потерница по именуваното лице. Се вршат моментално оперативни проверки, за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата“ – рече Чулев на прес конференцијата.

На Панчевски му се суди во велешкиот суд за манипулации со електронскиот АКМИС систем додека беше шеф на скопскиот Кривичен суд. Тој се нема појавено на ниту едно од 9 рочишта кои досега беа закажани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.