Се продаваат отчукувањата на срцето на Нил Армстронг

 Аукциска куќа во Њу Хемпшир ќе го понуди на наддавање електрокардиограмот (ЕКГ) на астронаутот Нил Армстронг регистриран во моментот кога стапнал на површината на Месечината, објави американската телевизиска мрежа ABC.Аукциската куќа RR Auction со седиште во Амхерст ќе прима понуди за записот од електричната активност на срцето во текот на онлајн наддавањето коешто ќе трае од 16-ти до 23-ти мај.Освен за ЕКГ-то, со кој е регистрирана нормална работа на срцето на славниот командант на мисијата Аполо 11, аукциската куќа ќе понуди на наддавање и други предмети од оваа мисија на американската агенција за вселенски истражувања NASA, меѓутоа и општо со космосот и воздухопловството.Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечина на 21-ви јули 1969 година, почина во август минатата 2012 година во сојузната држава Охајо.
Макфакс Аукциска куќа во Њу Хемпшир ќе го понуди на наддавање електрокардиограмот (ЕКГ) на астронаутот Нил Армстронг рег

Пронајдете не на следниве мрежи: