четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се реализираат најавите на Трамп: НАТО базата во Александрополис од која се помагаше Украина се затвора

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската Влада нареди итна ревизија на базата на НАТО во Александрополис, Грција, преку која и беше доставена воена помош за Украина, јавија дел од медиумите.

Базата се наоѓа во Тракија, на егејскиот брег, во близина на Црното Море, а САД и НАТО ја користеа за транспорт на силите во Источна Европа. Базата била користена и од администрацијата на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден како транзитна точка за испорака на американска помош, вклучително и воена, за Украина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави дека не планира да ја продолжи помошта за Украина, посебно по преговорите во Ријад помеѓу САД и Русија, НАТО базата во Александрополис може да стане непотребна.

Претседателот на Русија, Владимир Путин повеќе пати бараше затворање на базата во Александрополис.

Затворањето е во интерес и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој базата во Александрополис ја смета за закана на турскиот монопол над Босфор.

Поврзани вести