СЕ РЕАЛИЗИРА АПОКАЛИПТИЧНО СЦЕНАРИО? – ДРАМАТИЧНА ПОРАКА ОД ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ПУТИН

Поранешниот советник во Белата куќа веќе предупреди дека Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје доколку оцени дека тоа може да му биде корисно.

Фиона Хил е поранешен член на Советот за национална безбедност на САД и едена од водечките експерти за Русија на Путин. Токму таа го проучуваше Путин со децении, работејќи и во републиканската и во демократската администрација.

СЕ РЕАЛИЗИРА АПОКАЛИПТИЧНО СЦЕНАРИО? – ДРАМАТИЧНА ПОРАКА ОД ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ПУТИН

Таа претходно, меѓу другото, рече дека Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје доколку оцени дека тоа може да му биде од корист и дека светот, сакале или не, веќе е во Трета светска војна, а сега таа го потврди повторно.

„Одиме низ старите историски обрасци“

„За жал, ние чекориме низ старите историски обрасци, за кои рековме дека никогаш нема да дозволиме да се повторат“, рече таа. Постојано, додавајќи дека тие стари обрасци вклучуваат западни компании кои не гледаат како помагаат да се изгради воена машина на тиранин, обожаватели кои се заљубени во „моќта“ на автократот и во тенденцијата на политичарите да покажуваат со прст за политичка добивка наместо да работат заедно за безбедноста на својата нација.

Во меѓувреме, претседателот Бајден го предупреди Путин за катастрофата што би била резултат на нуклеарен напад, а САД во меѓувреме го зголемуваат надзорот над руската нуклеарна активност.

Хил истакна дека тензиите веќе се зголемувале пред војната во Украина, особено откако „Русија го анектираше Крим во 2014 година, што доведе до големо трупање оружје во Украина, а да не ги спомнуваме САД и Русија во конфликтот околу сириската граѓанска војна во кои силите ги поддржуваат спротивставените страни“.

Таа предупреди дека сегашниот конфликт излегува од контрола
„Проблемот е, се разбира, што ние погрешно го прочитавме, но и тој погрешно не чита нас“, рече таа.

Хил некогаш беше советник на Доналд Трамп, кој беше многу критикуван за неговиот пријателски однос со рускиот лидер.

Таа сега вели дека неговите постапки помогнале да се убеди Путин дека Западот ќе покаже мал одговор на инвазијата на својот сосед.

Влоговите во војната се зголемуваат благодарение на бранот успешни контранапади на украинските сили овој месец, кои повторно зазедоа илјадници квадратни милји територија, што доведе до најавата на Путин дека илјадници воени резервисти и цивили се повикани на војна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.