Се снимаа додека купуваа мебел за станот кој чини цело богатство – кога Луна се одлучи за овој детаљ во спалната соба, Марко и го забрани

Младата пејачка Луна Џогани заедно со својот свршеник Марко Миљковиќ започнаа да го опремуваат својот стан, а сето тоа го споделија со јавноста.
На заедничкиот Јутјуб канал се појави видео на кое заедно со ќерката започнаа да одат по салони за мебел како би ги избрале сите потребни работи за во новиот стан.


-Моментално ни е приоритет да најдеме мебел за седење за во дневната соба и кревет, сето тоа сакам да биде во кралска сина боја, вели Луна.
Марко на сето ова додаде дека веќе ангажирале и човек кој им ја прави столаријата.
Во видеото се гледа како двајцата одбираат и брачен кревет, а кога Луна се одлучи и за орман за во спалната соба со огледало, Марко тоа и го забрани да го купи.
Инаку станот на парот според српските медиуми е купен за неверојатни 160 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.