Се снима нов филм за Роки

I PLAY Rocky е нов филм кој ќе ја раскаже приказната за тоа како Силвестер Сталоне го снимил првиот филм за Роберт Роки Балбоа во 1976 година.Филмот на Питер Фарели моментално е во развој и ќе биде понуден на потенцијалните купувачи на претстојниот филмски фестивал во Кан, кој започнува следната недела. Заплетот ќе го следи сиромашен актер со делумно парализирано лице и говорна мана, кој за три дена пишува сценарио за филм што големо студио сака да го купи, но тој одбива да го продаде доколку не ја добие главната улога. Имено, продуцентите многу сакале Џејмс Каан да го глуми Роки, но Сталоне не сакал да попушти.Неговата упорност навистина се исплатела. Сталоне одбил да земе 350.000 долари за сценариото, но се согласи со понудените 35.000 долари и дозвола да го игра главниот лик. Како што е познато, Роки станал најголемиот хит на бокс офисот во 1976 година. Снимен е за 1,2 милиони долари и заработил повеќе од 117,2 милиони долари. Имал и десет номинации за Оскар и освои три награди, вклучително и за најдобар филм.Според извори, кастингот е во тек и активно се трага по лицето кое ќе го игра Сталоне. Засега не се знае дали и на кој начин ќе се вклучи во овој проект.

Пронајдете не на следниве мрежи: