СЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША? Пејачката откри кој ќе ја глуми, има и познат актер

Јелена Карлеуша откри дека е во преговори да сними филм за себе.Пејачката Јелена Карлеуша , која веќе извесно време е во центарот на приказните поради изјавите кои ги дава за различни луѓе, откри ексклузива за себе која ќе ги воодушеви сите нејзини многубројни обожаватели.По хаосот што го направи во трговски центар и лавината коментари на мрежите поради откажаниот концерт во Подгововица , ЈК објави дека е во преговори за снимање филм за себе. Таа откри и кој ќе ја глуми.„ Ќе ви кажам една ексклузива. Во преговори сум да се играм себеси во филмот. Многу активно зборувам за тоа, јас и еден од нашите многу познати актери би ги добиле главните улоги. Ќе се играм самата себе“, изјави Карлеуша.Пејачката им соопштила на обожавателите дека поради закани го откажала концертот во Подгорица закажан за 9 мај. Таа изјави дека „политиката се мешала во нејзиниот настап“, и дека била принудена на тој чекор „поради низата закани што ги добила поради најавата за односите на земјите од регионот кон Србија“. Таа додаде дека парите не ја интересираат, и дека не сака да пее таму каде што ја навредуваат нејзината земја и народ.Но, од хотелот тврдат дека концертот не бил откажан од пејачката, туку од управата на хотелот поради „ омразата кон Црна Гора и нашите граѓани “, по што „тепачката“ продолжила на социјалните мрежи. Јелена Карлеуша во една од последните објави напиша дека „ќе пее во тој хотел кога ќе го реновираат“, а дотогаш посетителите ќе можат да ја слушаат Јадранка Барјактаровиќ .

Пронајдете не на следниве мрежи: