Се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, напиша Харадинај

Денес на социјалните мрежи премиерот на Косово, Рамуш Харадинај објави дека се сретнал со неговиот колега од, како што пишува, Република Северна Македонија.
-Денеска се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното завршување на Преспанскиот договор, гарантирајќи му на народот и соседната држава јасна евро-атланска перспектива. Косово останува посветено на градење стабилен регион и во тој поглед односите со официјално Скопје се одлични, напиша Харадинај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.