Се сруши авион во Шведска, загинаа сите деветмина

Девет лица загинаа при пад на авион кој превезувал падобранци во градот Умео, во северниот дел на Шведска, соопштија шведските власти. Портпаролот на шведската полиција, Педер Џонсон изјави дека авионот се урнал на остров во близина на Умео, кратко по полетувањето. Тој рече дека причината за несреќата не е позната.
Од главната регионална Универзитетска болница потврдија дека при падот на авионот нема преживеани и дека за несреќата се известени семејствата на загинатите.
Засега не се познати имињата и националноста на жртвите. (МИА)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.