Се топи во уста: Чоколадна торта со свилено тофу

Свиленото тофу е добар извор на протеини од растително потекло. Има многу помека текстура од обичното тофу, поради што често се користи за подготовка на разни сосови. Тоа е и незаменлив дел од подготовката на разни десерти. Во продолжение прочитајте го нашиот денешен рецепт за чоколадна пита со свилено тофу.

Потребни состојки:
За основата:
50 грама овесно брашно
50 грама бадемово брашно
50 грама стопен путер
2 лажици шеќер
прстофат сол
За кремот:
450 грама свилено тофу на собна температура
340 грама темно чоколадо
60 грама мед
4 лажици путер од кикирики во прав
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
  2. Направете ја кората: измешајте брашно од овес и бадем, мед, шеќер и малку сол. Префрлете ја смесата во калап за пита со дијаметар од 22 сантиметри.
  3. Печете во загреана рерна околу 10 до 12 минути или додека кората не добие светло кафена боја.
  4. Извадете ја кората од рерна и оставете ја настрана да се излади.
  5. Подгответе го кремот: измешајте го свиленото тофу, медот, екстрактот од ванила, путерот од кикирики во прав и солта во блендер.
  6. Растопете го чоколадото и додадете го во смесата. Измешајте сè додека не добиете свиленкаста мазна смеса.
  7. Истурете ја смесата врз печената и изладена подлога.
  8. Оставете ја питата во фрижидер да отстои најмалку еден час.
  9. Послужете ја питата со сезонско овошје по желба. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.