Се тресе регионот, Грција најсилно

Денес во регионов се регистрирани неколку земјотреси. Се тресе Грција, a регистрирани се повеќе потреси од 3 и 4 степени. Првиот со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран денеска околу  10 часот во Јонското Море, кај грчкиот остров Закинтос. Според Институтот за геодинамика на Националната обсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 58 километри југозападно од Закинтос.
Најсилниот потрес во Грција е регистриран по 13:30 часот со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Послаби земјотреси се регистрирани и во Турција и Малта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.