За време на вчерашната посета на рускиот претседател Владимир Путин на полигонот на руските сили, снимен е маж кој го придружува Путин како носи актовка.

Како што пренесува Sky News, човекот во позадина држел нешто за кое постои сомневање дека е т.н Чегет, еден од руските нуклеарни ковчези, познат и како нуклеарна фудбалска топка.
Фотографиите се проширија и на социјалните мрежи.
Чегет е составен дел од системот за автоматска команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили. Се верува дека се вкупно три, а претседателот секогаш има еден при рака.
Не е можно да се потврди за каква актовка се работи на фотографиите, додава Скај њуз, но некои коментатори сметаат дека тоа е нов обид на Путин да го заплаши Западот.
Пронајдете не на следниве мрежи:


