СЗО започнува нова истрага за потеклото на коронавирусот: Ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан

Светската здравствена организација ќе започне нова истрага за потеклото на коронавирусот и ќе се испитува дали потекнува од лабораторија во Вухан.
Ќе биде назначен нов тим од околу 20 експерти, вклучително и експерти за биосигурност, лабораториска безбедност, генетика и начинот на ширење на вирусите кај луѓето, пишува The Wall Street Journal.
Тие ќе истражат дали коронавирусот протекол од лабораторија во Вухан, на крајот на 2019 година – тврдење што го отфрли Кина, која исто така сака СЗО да испита дали вирусот потекнува од друга земја.


Портпаролот на СЗО изјавил дека приоритетите на новиот тим „мора да бидат податоци и пристап во земјата каде што биле идентификувани првите извештаи“.
Претходната истрага препорача Кина да ги испита најраните сомнителни случаи на коронавирус, а тимот во својот последен извештај тврдеше дека податоците дадени од земјата се недоволни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.