СЗО: Последиците од коронавирусот ќе се чувствуваат и во наредните децении

Глобалната епидемија на коронавирус е катастрофа чии последици ќе траат долго време, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребересус.

– Оваа пандемија е здравствена криза што се јавува еднаш на 100 години, а последиците ќе се чувствуваат и во наредните децении – рече Тедрос на состанокот на советот за итни ситуации на СЗО. 

Иако сега се знае повеќе за вирусот, сè уште нема одговори на многу прашања, а населението е сè уште ранливо, рече Тедрос, пренесува Ројтерс.

„Раните резултати од истражувањето на антителата ја покажуваат истата слика: најголем дел од светската популација е сè уште подложна на вирусот“, рече тој.

Многу земји што веруваа дека најлошото заврши, сега се борат со нови жаришта, а некои кои беа помалку ефикасни во првите недели од пандемијата, сега се соочуваат со поголем број случаи и жртви, рече генералниот директор на СЗО.

Во светски рамки, коронавирусот зарази над  17 милиони луѓе и однесе повеќе од 670.000 животи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.