СЗО предупредува: Еве каде има зголемен број заразени со коронавирус

Светската здравствена организација денеска соопшти дека здравствените власти предупредуваат на зголемен број на инфекции со коронавирус во Источна Европа.
Во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, бројот на новозаразени е двојно зголемен во изминатите две недели.
Во регионот од 53 земји, што се протега од поранешните советски републики до Централна Азија, регистрирани се повеќе од 165 милиони случаи на инфекција и 1,8 милиони смртни случаи, вклучително и 25.000 само во изминатата недела.
СЗО апелира да се подобри стапката на вакцинација, која е помала во Источна Европа во споредба со остатокот од континентот.
Помалку од 40 отсто од луѓето постари од 60 години во Бугарија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Украина и Узбекистан се целосно вакцинирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.