Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања, изјави денеска на прес-конференција д-р Катерина Смалвуд, од Канцеларијата за Европа на Светската здравствена организација.
Австралија ќе ги олесни ограничувањата поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ
– СЗО помага во координација на глобалните напори за изнаоѓање вакцина за Ковид-19. Тоа исто така е поддржано од голем број меѓународни претставници од приватниот сектор и иницијативи. Што се однесува до бројот на вакцини кои се развиваат, се работи за десетина. Неколку различни истражувачки институции и влади се вклучени во процесот. Во моментов, половина од нив, шест или седум од вакцините се во ранa фаза на клинички испитувања. Ова е многу охрабрувачка вест, но ние мораме да бидеме екстремно реални дека за развој на вакцина е потребно многу време, рече таа на прес-конференцијата одговарајќи на новинарски прашања.
Она што СЗО го кажува генерално, додадва Смалвуд, е дека за развој на вакцина би требало да очекуваме 18 -месечен процес наспроти неколку години колку што е потребно да се развие една вакцина.
СЗО е вклучена во зајакнување на меѓународната соработка за истражување и развој на вакцина за Ковид-19.
– Ја охрабруваме понатамошната соработка во однос на ова прашање, рече претставничката на СЗО, посочувајќи дека СЗО ги повикува сите кои работат на развој на вакцина и институции да се здружат со меѓународните групи, да ги споделат информациите се со цел да биде постигнат одреден бенефит, рече Смалвод на денешната редовна неделна прес-конференција и брифинг на СЗО Европа за состојбата со Ковид-19.
Во однос на ризикот за втор бран на епидемијата, кој би можел да се очекува наесен, претставничката на СЗО, рече дека се разгледуваат повеќе потенцијални сценарија за коишто е рано да се зборува, но потенцира дека дали ќе има или нема да има втор бран зависи индивидуално од земјите односно спроведувањето на мерките од страна на граѓаните.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.