Сиднеј прв ги угасна светилките во „Часот за планетата Земја“

Небото над Сиднеј прво во сабота потона во мрак, откако во најголемиот австралиски град беше угаснато светлото на еден час, со што почна веќе традиционалната годишна акција „Час за планетата Земја”, во која се вклучи и Македонија.

Во Сиднеј светлата се угаснати со аплауз и повиците на помала група луѓе која се собра за да го види претварањето на светлото на сиднејската Опера во темнозелено, симболот на обновливата енергија.
Организаторите очекуваат стотина милиони луѓе во 150 земји ширум светот да ги угаснат светлата во 20:30 часот по локално време, во знак на симболична поддршка на планетата Земја, а многу од најпознатите светски зданија како Таџ Махал, Ајфеловата кула, Емпајар Стејт билдинг и Кремљ вечерва ќе потонат во мрак на еден час.
Првиот „Час за планетата Земја” го организираа глобалниот Фонд за заштита на природата и весникот Сиднеј Морнинг ЈХералд во март 2007 година, кога 2,2 милиони жители на Сиднеј ги угаснаа светилките на еден час.
Глобалната иницијатива за борба против климатските промени, која се одржува во март, до 2011 година стана досега најголемата глобална волонтерска акција. Во неа се вклучуваат сèпоголем број учесници, со сè поголем број згради, споменици и природни знаменитости и секоја година го надминува претходниот рекорд.
Така во 2012 година со гаснењето на светлата на 7.000 локалитети учествуваа 152 земји или 30 отсто повеќе во однос на 2011 година.
Makфакс
Небото над Сиднеј прво во сабота потона во мрак, откако во најголемиот австралиски град беше у

Пронајдете не на следниве мрежи: