Силен борец против ПМС: Но, ЧОКОЛАДОТО е добро за здравјето на жените и од овие причини

Денес ви носиме пет причини зошто треба да јадете чоколадо, особено жените.
Може да ја намали болката
Едно истражување открило дека рецепторите за болка реагираат многу побавно додека јадеме чоколадо. Сепак, ова истражување исто така покажа дека овој позитивен ефект може да доведе до дебелина и треба да се ужива во чоколадото, но умерено.
Консумирајте чоколадо бидејќи …
Прееклампсијата првенствено се поврзува со висок крвен притисок кај бремени жени, а редовното консумирање на темно чоколадо може да го намали ризикот од развој на преклампсија за неверојатни 69 проценти.


Има превентивен ефект врз компликациите во бременост
Теобин, супстанца која се наоѓа во чоколадото, може да го намали ризикот од преклампсија, една од најчестите компликации со кои се соочуваат бремените жени. Во овој случај, изборот треба да биде темно чоколадо, со што поголем процент какао.
Силен борец против ПМС
Чоколадото го ослободува хормонот на среќа ендорфин, а со тоа ја намалува нашата вознемиреност, а покрај тоа е полн со магнезиум, кој исто така се смета за еден од подобрите природни засилувачи на расположението што спречува задржување на водата во организмот и ја намалува подуеноста. И откако ќе го прочитате ова, воопшто нема да бидете изненадени зошто се “бара” чоколадо за време на ПМС.
Заштитува од срцеви заболувања
Шведски истражувачи спроведоа студија со која се докажа добар ефект на чоколадото врз срцевите заболувања. За волонтерите кои редовно јаделе незасладено чоколадо со 72 проценти какао, активноста на ензимите кои предизвикуваат висок крвен притисок се намалила за дури 18 проценти.
Тоа ви помага да останете витки
Знаеме дека звучи неверојатно, но една студија покажа дека луѓето кои редовно земаат помали количини на темно чоколадо имаат помал индекс на маса. Испитаниците кои јаделе чоколадо редовно (неколку пати неделно) биле во просек потенки од оние кои јаделе чоколадо само повремено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.