Силен земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер денеска во 16 часот и 14 минути го погоди јужниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил каналот Бунго, теснецот што ги дели јапонските острови Кјушу и Шикоку, а агенцијата соопшти, пренесува Ројтерс, дека не е издадено предупредување за цунами. Земјотресот е регистриран на длабочина од 26 километри, на 17 километри од Уваџима.
Во истото подрачје само десет минути подоцна е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,3 степени, а потоа и неколку послаби, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Пронајдете не на следниве мрежи: