Силна песочна бура во Пекинг, откажани над 400 летови

Пекинг денеска беше прекриен прашина, донесена од силните вретрови од пустината Гоби, северозападна Кина.
Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи.


Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35.


Поради песочната бура откажани се 428 летови од аеродромите во Пекинг.
Од силни песочни бури погодена е и соседна Монголија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.