Силно невреме синоќа ја зафати Италија

Речиси цела Италија е зафатена од силно невреме што се движи од север кон југ и предизвика нагло паѓање на температурите на 8-10 степени. Главниот град Рим синоќа беше погоден од силен град кој го покри асфалтот, вклучувајќи го и историскиот центар.
Многу патници беа заробени во автомобилите заради поплавените улици. Затворени се и неколку метро станици, а не сообраќаат и некои локални возови. Водата, на некои места длабока и половина метар поплавила и неколку историски знаменитости.
На север, Милано беше погодено од торнадо што предизвика значителни штети од паднатите дрвја. Локалните власти веднаш одобриле помош од 6 милиони евра. Штети се пријавени и во Болоња и Римини, а невремето предизвика и големи проблеми во редот на летање на сите италијански аеродроми.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.