Силјановска-Давкова: Да ја направиме Македонија добро, фер и достоинствено место за живеење

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати честитки до сите православни верници по повод националниот празник Свети Климент Охридски.

Во својата честитка, претседателката вели дека имаме голема задача пред нас повторно да ги поучуваме доблестите што ја поддржуваат заедницата.

„Како и во времето на Климент, и нам ни е потребна заедничка, повисока цел околу која ќе градиме односи и ќе ги надминуваме разликите. Преку владеењето на правото и борбата против корупцијата, преку социјалната правда и меѓусебната грижа, да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот и обединети околу општото добро.“

„Нека пораката на Свети Климент, за смирение, милосрдие, знаење и единство, ни биде водич и наша инспирација да ја направиме државата Македонија добро, праведно и достоинствено место за живеење“, вели Силјановска-Давкова.

Таа нагласува дека споменот на охридскиот светец е врежан не само во Македонската меморија, туку и во колективната меморија на целиот словенски народ.
The post Силјановска-Давкова: Да ја направиме Македонија добро, фер и достоинствено место за живеење appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: