Делта сојот на коронавирус може да има симптоми кои се поблаги и обично не се поврзуваат со ковид поради што некои може да ги помешаат со сезонска алергија или настинка, пишува CNN.
Доктор Џо Кантер од Луизијана, САД изјави дека делта сојот сепак има и типични симптоми како кашлица, зголемена температура и губење здив, но дадава дека и понатаму има пациенти со поинакви симптоми како воспалени синуси, растечен нос и болки во грлото.
Ова се знаци дека пациентот би можел да го има делта сојот, и покрај благите симптоми.
„Може да имате релативно благи симптоми кои лесно може да ги замените со алергија или настинка. Но, ако имате какви било симптоми, без разлика колку се благи, дури и ако е само болка во грлото или растечен нос, треба да се тестирате и да ги ограничите контактите додека не пристигнат резултатите“, советува Кантер.
Според истражувачите од ковид студијата ZOE, изразеното кивање исто така е показател за зараза со делта сојот.
„Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои се вакцинирале, а потоа биле позитивни на ковид, веројатно ќе имаат кивавица како симптом во споредба со оние кои не примиле вакцина“, стои во студијата.
Претходно, експерт за CNN изјави дека памучните маски не можат да бидат ефикасни како KN95 или N95 маските во заштита од делта сојот.