Симптоми кои укажуваат дека можеби сте заразени со коронавирус

Со доаѓањето на коронавирусот во овој регион, многу е важно да ги знаете неговите главни симптоми.
Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.
Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, треска, кашлање и краток здив.
Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло.
Поголемиот дел од денешните вируси се слични на грипот. Американците ги нарекуваат „flu like“ или пак болести слични на грипот. Сè е тоа исто па и овој коронавирус има исти симптоми и невозможно е да се разликува грипот од обичната настинка освен доколку не се направи тест.
Како што лекарите многупати досега објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот, кога најголемиот број пациенти и се јавувале на лекување.


Една жена од Кина која што се излекувала од коронавирусот истакнала дека температурата константно ѝ варирала.
Се пренесува на два метри оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен од коронавирус?
Првите знаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлање, губење на воздух и отежнато дишење, но и генерално чувство на малаксаност.
Коронавирусот некогаш може да доведе и до респираторни болести како што се воспаление на белите дробови или пак бронхитис.
Уште некои од симптомите на вирусот се:
– главоболка;
– кивавица и кашлање;
– тешкотии во дишењето;
– зголемен крвен притисок.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.