Симптом кој се јавува неколку денови пред останатите симптоми и може да биде знак дека сте заболени од коронавирус

Овој знак во грлото е на официјалниот список на симптоми.

Симптоми на коронавирус вклучуваат треска, постојана кашлица и губење на мирис и вкус. 

Меѓутоа, може да бидете изложени на коронавирусот и само ако имате болно грло. 

Еден од клучните знаци е болното грло, односно болки во грлото, што е еден од 11-те симптоми, предупредува Американскиот центар за контрола и спречување на болести.

Ако имате болка во грлото при голтање и го чувствувате изгребано или премногу суво, тоа може да биде аларм дека можеби сте заболени од вирусот. 

Во тој случај, изолирајте се и следете ја ситуацијата. Ако се влоши и се појават нови симптоми, јавете се на една од дневните ковид амбуланти за да ве тестираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.