Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

На едно четиричлено семејство за основни потреби во јуни му биле потребни 68.654 денари, а доколку плаќа и кирија за стан од 60 квадрати 84.024 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
Според ССМ, вредноста на синдикалната кошничка во јуни е намалена за 88 денари во однос на мај.
За храна во јуни минимум требало да се одвојат 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари.
The post Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: