Синовите на Рамзан Кадиров пристигнаа во Украина: Позираат во униформи и со пушки

Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров пристигнаа во окупираниот град Мариупол. На видеото кое го објави Некста се гледаат вооружените синови на Кадиров како позираат со пушки во рака.

Да потсетиме, чеченскиот лидер неодамна најави дека на фронтот во Украина ќе ги испрати своите три сина, кои се на 14, 15 и 16 години, за да се борат заедно со руската војска.

Во подолга објава на Телеграм, Кадиров напиша дека воената обука на неговите синови почнала одамна и дека сега е време тие да доживеат вистинска борба.

Тој им се обрати и на оние кои тврдеа дека членовите на семејството на чеченскиот лидер не учествуваат во воените операции во Украина. Објавата беше придружена со видео на кое се гледа како неговите синови пукаат со различни оружја за време на обуката.

Меѓународниот суд на правдата смета дека употребата на деца помлади од 15 години во конфликти е воено злосторство, но Русија не ја признава јурисдикцијата на овој суд.

Пронајдете не на следниве мрежи: