четврток, 12 ноември 2026
Најново

СИНОТ НА БРЕНА СЕ „НАБИЛДА“ И СЕГА Е ВИСТИНСКИ ЅВЕР – пејачката некогаш ронела солзи поради неговите 163 килограми, а денес изгледа непрепознатливо

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Синот на пејачката Лепа Брена со години се бореше со вишокот на килограмите, додека пред неколку години со помош на здравата исхрана не се реши да го смени животот од корен.

Тој успеал да ослабе дури 40 килограми, а доказ дека напорно тренира и вежба се фотографиите кои редовно ги споделува од теретана.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Овој пат тој се насочува на нешто сосема друго, а не на ослабување.

„Растеме полека“, напиша тој на најновата фотографија алудирајќи на мускулите кои ги „билда“ во теретана.

Сепак иако ослабел толку многу, Виктор не планира да престане да вежба и во теретана оди неколку пати во неделата, пренесуваат српските медиуми.

За потсетување, Виктор во 2020 година во еден момент имал дури 163 килограми, а пејачката се грижела за неговото здравје особено да не добие некоја болест од нездравиот начин на живот.

-Боба и јас од секогаш сме подготвувале вечера уште кога децата беа мали и затоа Виктор дојде до бројка од 163 килограми. Многу патев поради тоа, ми беше толку многу тешко што плачев постојано, призна пејачката во една прилика.

Поврзани вести