четврток, 12 ноември 2026
Најново

Синот на Марина Туцаковиќ откри која е нејзината последна песна и за кого е наменета

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По смртта на најпознатиот текстописец на Балканот, Марина Туцаковиќ многу се шпекулираше за кого таа ја напишала последната песна.
Нејзиниот син, Милан Радуловиќ Лаќа, кој исто така е текстописец, открива која е последната песна.
-Како се мери последната песна? Дали е тоа последната објавена песна или последна продадена или последна во нејзината тетратка запишана. По моето чувство, последна е таа која е во збирката. Тоа е песна за Наташа Беквалац. „Излечена“. Тоа е симболично, да испадне на крајот така. Не сум се слушнал со Наташа, но тој е еден од моите омилени текстови на мама, вели Лаќа.

Поврзани вести