Син ја влечел мајка си со возило 20-тина метри

Жител на општина Петровец е приведен бидејќи преку отворен прозорец со возило „фиат“ ја влечел својата 42-годишна мајка околу 20 метри при што жената се здобила со повреди.

Инцидентот се случил вчера околу 18:50 часот, а осомничениот Р.Д. на возраст од 24 години е приведен истиот ден во 20:30 часот.
Жената е пренесена во болницата „Св.Наум Охридски“ каде и е укажана лекарска помош.
МВР најавува кривична пријава по целосно документирање на случајот.
The post Син ја влечел мајка си со возило 20-тина метри appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: