четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЌЕ ПЛАЧЕТЕ | СИРИЕЦ СЕ ЖРТВУВАЛ ЗА ДА ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА СИНОТ: Снимен моментот кога го извлекле од урнатините (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во понеделникот рано наутро го погоди јужниот дел на Турција долж границата со Сирија постојано се зголемува, а спасувачите неуморно ги откопуваат урнатините во потрага по преживеани.

Хуманитарна помош и спасувачи пристигнуваат од целиот свет, а на социјалните мрежи постојано се појавуваат видеа од спасување, но и трагични сцени по катастрофата што ги снајде овие две земји.

Така, на Твитер е објавено крајно шокантно и вознемирувачко видео од Сирија на кое спасувачите при ископувањето на урнатините го наоѓаат целосно покриено безживотното тело на постар човек со дете.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

https://twitter.com/avia_pro/status/1623672334438526980

Како што јави Медја Баскент, станува збор за татко и син и за херојскиот подвиг на човек кој го жртвувал животот за да го заштити своето дете со сопственото тело, а сцената се случила во Африн, Сирија.

Во објавите на Твитер се наведува дека таткото го покрил синот со своето тело и на тој начин му го спасил животот на детето. За жал, човекот починал.

Малото момче веднаш било пренесено во болница откако било извлечено со возило на брза помош.

https://twitter.com/veilofthefuture/status/1623515328993976321

Од минута во минута пристигнуваат вести за разорниот земјотрес, за бројот на жртвите, како и за преживеаните, а за степенот на оваа катастрофа, покрај разорните бројки, секако покажуваат и вознемирувачките сцени од урнатините кои некогаш биле градови. .

Поврзани вести