По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, десетици илјади луѓе загинаа, а многумина беа живи закопани под урнатините.
- Колку е здраво конзервирано овошје? Одговорот може да ве изненади
- Трамп го присвои Гренланд! Со ново соопштение, крена прашина и најави голем план: Нафтата, гасот и минералите се во фокусот на новиот потфат
- Новинарите на Nova.rs на протест: Ја купивте компанијата, но не и нашата совест
- Трамп и Европа имаат план да ја прекинат војната во Украина?! Деталите се појавија, четири точки се клучни: На Путин му се нуди незамисливото, а Зеленски го добива ова
- Соиграчите го поддржаа Мартинез откако тој остро ја критикуваше трансфер политиката на Јунајтед
Но, една приказна од Сирија по разорниот земјотрес ги остави сите во страв. Наводно, човек по име Ахмед ал-Магриби, жител на Сирија, бил во градот Атариб, Сирија во моментот кога земјотресот го погодил градот.

Бил „мртов“ и телото му останало под урнатините, но по два дена оживеал! Неговото тело било извлечено од урнатините, а лекарите го чувале два дена во замрзнувач за неговото семејство да може да го идентификува. При идентификацијата било констатирано дека се работи за Ахмед, пишува punjab.news18.
Семејството го однело телото на гробиштата за да го погребаат, но таму одеднаш срцето наводно почнало да чука и телото почнало да се движи. Членовите на семејството биле шокирани кога ја виделе оваа глетка и Ахмед бил повторно примен во болница.
Докторите исто така биле шокирани кога ја виделе состојбата на Ахмед. Според Дејли Стар, тие рекле дека Ахмед е еден од ретките чие срце застанало и почнало повторно да чука.
Во разорните земјотреси во Турција и Сирија загинаа околу 50.000 луѓе, а повеќе од милион луѓе беа повредени. На 6 февруари 2023 година во овие две земји се случи земјотрес со јачина од 7,8 степени. Набргу потоа, земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди истата област, предизвикувајќи дополнителни штети.
Пронајдете не на следниве мрежи:


