Сириската опозиција тврди дека била цел на нападот на границата со Турција

Цел на експлозијата на минибусот од понеделникот на сириско-турската граница најверојатно биле цел припадници на Сирискиот национален совет (SNC), соопшти оваа опозициска групација во вторникот навечер, меѓутоа турските власти кои се инаку противници на сирискиот претседател Башар ал-Асад сметаат дека е прерано да се одреди кој е одговорен за нападот.Минибусот со сириските регистерски таблички експлодирал на граничниот премин кај турскиот град Рејханли, наспроти сирискиот премин Баб ал-Хав, а во експлозијата загинаа 14 лиа а ранети се повеќе десетици.„Влеговме во Сирија од Турција преку Баб ал-Хав. Да бевме таму 30 минути порано би биле цел“, изјави Џорџ Сабра, претседател на Сирискиот националниот совет, сириска опозициска групации во егзил.„По преминувањето на границата слушнавме експлозија, меѓутоа продолживме по нашиот пат“, изјави Џорџ Сабра на прес-конференција во турската метропола Истанбул.Претставници на Сирискиот национален совет претходно во писмена изјава изјави дека „оружјата на сирискиот режим“ го извеле бомбашкиот напад.„Имаме доволно искуство со режимот. Знаеме дека неговите прсти се насекаде, а вчера (во понеделникот – з.р) тие беа во Баб ал-Хав“, одговорил Сабра на прашањето дали има одредени сознанија за извршителите на нападот.
Истрагата на турската полиција е насочена кон три лица кои биле забележани како го напуштаат минибусот пред експлозијата, рекле неименувани функционери.„Тоа е терористички акт. Работиме на неколку алтернативи. Нападот најверојатно го извел Сириец“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Муаме Ѓулер на новинарите во парламентот.
МакфаксЦел на експлозијата на минибусот од понеделникот на сириско-турската граница најверојатно биле цел припадници на

Пронајдете не на следниве мрежи: