Сириските бунтовници освоиле воен аеродром

 
 
 
 Сириските опозициски сили соопштиле дека во вторникот заземале воен аеродром недалеку од северниот град Алепо, вториот град по големина во Сирија.Воздухопловната база Џара, 46 километри источно од Алепо, е под контрола на бунтовничките единици кои со седмици наназад ја држеа опколена, а автопатот кој го поврзува Алепо со источниот дел од Сирија, исто така е во рацете на опозициските сили, пренесува Reuters повикувајќи се на информација од портал Sham News Network.Абу Абдалах Минбиг, еден од опозициските команданти на теренот, во телефонска изјава за Reuters рекол дека во базата биле пронајдени два борбени авиона од руско производство „Миг“ и малку муниција.„Аеродромот беше користен при бомбардирањето на северните и источните делови од Алепо. Со неговото освојување го прекинавме пат за снабдување на режимот од Алепо кон исток“, рекол Минбиг.
Макфакс
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: