Сирово задоволство: Торта од малина со бело чоколадо

Дали некогаш сте пробале сиров десерт? Ако не, тогаш време е да го направите тоа!
Потребни состојки:
За подлогата:
120 грама бадеми
6 урми
20 грама кокосов путер
1/2 кесичка ванилин шеќер
За кремот од бело чоколадо
240 грама индиски ореви
60 милилитри лимонов сок
60 милилитри мед
50 грама кокосов путер
60 грама какао путер
1/2 кесичка ванилин шеќер
Прстофат сол
За преливот од малина:
250 грама малини
3 лажици мед
60 грама какао путер
Начин на подготовка:


За подлогата:
Отстранете ги семките од урмите и исечкајте ги на мали парчиња. Растопете го кокосовиот путер на 46 степени. Изматете ги бадемите со ванилиниот шеќер, така што ќе добиете крупно брашно. Додајте ги урмите и матете додека не се соединат. На крајот, додајте го и растопениот кокосов путер и матете додека не добиете смеса што се лепи. Наместете ја подлогата во калап за торта, претходно прекриен со хартија за печење и ставете го воа фрижидер.
За кремот од бело чоколадо:
Потопете ги индиските ореви во вода и оставете ги да отстојат околу 2 часа. Потоа исцедете ги и измијте ги. Растопете ги на тивок оган какаото и кокосовиот путер. Останатите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете мазна смеса. На крајот додајте го какаото и кокосовиот путер и матете уште малку. Сипете го кремот во сад и ставете го на топло место додека не завршите со преливот од малини.
За преливот од малини:
Ако користите замрзнати малини, претходно растопете ги. Тие треба да бидат на собна температура за да не го згуснат какао путерот. Најпрво во блендер изматете ги сите состојки за преливот освен какао путерот, кој ќе го додадете на крајот откако ќе добиете мазна смеса. Изматете уште еднаш и со путерот.
За тортата:
Извадете ја подлогата од замрзнувач и паралелно додајте ги кремот и преливот со цел да добиете разнобојна површина. Можете и да измешате со виљушка за да биде уште поинтересно. Ставете ја тортата во замрзнувач на 3-4 часа. Пред сервирање, извадете ја на собна температура околу 30-тина минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.