Сител: Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски минал низ нивна територија

Се потврди вечерва маршрутата на Груевски, односно правецот како бегал. „Лицето Никола Груевски на ден 11.11.2018 година, околу 19:11 часот, е регистрирано на територијата на Република Албанија на граничниот премин со Црна Гора, како патник во возилото со регистарски таблички cd1013a, сопственост на унгарската амбасада во Тирана. На 11.11.2018 година за лицето Никола Груевски немаше известување на границата или сознание како за лице по кое се трага. Канцеларијата на Интерпол во Скопје на ден 13.11.2018 година, околу 19.35 до Интерпол Тирана ја испрати меѓународната потерница за ова лице“.
„Никола Груевски влезе во Црна Гора на наведениот датум 11 ноември и истиот ден ја напушти земјата. Црногорската полиција во овој случај во целост ги испочитува законските процедури” соопшти црногорската полиција.
Потоа како ја поминал Србија сеуште нема подетални и потврдени информации. Веројатно наредниве денови и таа отсечка ќе се отцрта. 

Повеќе: Бегството на Груевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.