Сите денеска тестирани негативни на коронавирус, утре ќе се тестираат лица кои 14 дена беа во изолација

Негативни се резултатите на сите кои денеска се тестираа за коронавирус, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
–Претпладнево на коронавирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација, велат од Министерството.
Патниците од Струмица кои поминале 14 дена во домашна изолација, а пристигнале со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре.


Попладнево на седница на Владата, како што соопштија од МЗ, ќе бидат дискутирани мерките кои ги препорача Министерството за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за коронавирусот.
– За заклучоците, Владата и Министерството за здравство ќе информираат по завршување на седницата, се додава во соопштението.

И Полска пријави смртен случај од КОРОНА

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.