петок, 13 ноември 2026
Најново

Сите погрешно го приготвуваме болоњезе сосот: Италијански готвач го открива правилниот рецепт за совршена паста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Познатиот италијански готвач Џино Д’Акампо открил дека повеќето луѓе погрешно го приготвуваат сосот за болоњезе.
Покрај погрешни тестенини, многумина додаваат и непотребен зеленчук и зачини. Тој исто така открил дека би требало да се користат повеќе видови месо за да се добие посакуваната текстура и вкус.
– Најпрво, наместо шпагети, би требало да користите талјатели.
– Во тавче испржете ситно сечкан кромид, целер и морков.
Традиционално, болоњезе сосот се припрема со јунешко и свинско месо.


“Свинското месо ќе даде волумен и вкус, а јунешкото месо – текстура”, вели Д’Акампо.
– Кога месото ќе биде готово, треба да се додаде една посебна состојка – млеко! Така месото ќе омекне, а ќе добие и подобра текстура.
– Покрај млеко треба да додадете и вино, заедно со пилешки или говедски бујон. Овие три состојки треба да се готват малку подолго за да не биде сосот кисел.
– Последниот совет на Џино е да го изоставите доматот, кој инаку често се додава во сосот.
– Наместо домати, би требало да додадете малку каша или концентрат од домати, а целиот сос треба да го оставите да се готви 3 часа на тивок оган.
– Поклопете го со капак и оставете да се вари час и половина, со мешање на секои 15 минути.
– По час и половина, тргнете го капакот. Послужете го сосот со сварени талјатели.

Поврзани вести