четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сите преживеани патници се во стабилна состојба: Извршени им се неопходните итни оперативни зафати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите преживеани патници од автобуската несреќа во Бугарија, кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ се во стабилна состојба, пренесува бугарската новинска агенција БГнес.
-Сите пациенти во стабилна состојба и не се во животозагрозувачка ситуација. Извршени им се неопходните итни оперативни зафати, а постоперативната состојба е добра, велат од болницата откако вччера 7 патници беа примени за хоспитализација.
Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервении. На едно од настраданите лица ќе му бидат извршени дополнителни медицинско-дијагностички процедури кои треба да покажат како понатаму ќе се лекува овој пациент, велат од болничката установа за БГнес.

Поврзани вести