Сите продавници и аптеки во северно Косово затворени 

Сите продавници во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, утрово останаа затворени.
Во знак на протест поради таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, пренесоа српските медиуми.
Не работат ниту аптеките, киосците , угостителските објекти, бензиските пумпи, таксистите.
Претседателот на Здружението на стопанствениците во северно Косово, Радош Петровиќ изјави дека мерките на косовските власти го довеле локалното население на работ на хуманитарна катастрофа.
Според најавите, аптеките и трговските и угостителските објекти ќе останат затворени и во текот на утрешниот ден. Седум месеци откако косовската влада ги воведе таксите во Северна Митровица велат дека нема артикли за продавање, посебно млечни производи, брашно, зејтин и други производи.
Косовските власти и медиумите на албански јазик тврдат дека овие дејствија на локалните српски водачи, по инструкции на Белград и со логистика на криминалното подземје и на нелегалната организација “Цивилна заштита“, се со цел да се инсценира хуманитарна криза, што би требала да резултира со дестабилизација на земјата.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.