Сите средни училишта во Скопје ќе добијат прочистувачи на воздух

Како што изјави градоначалникот Петре Шилегов секоја училница во 23 скопски средни училишта ќе добие прочистувач на воздухот. Првиот прочистувач денес е однесен во гимназијата “Орце Николов“.
-Денеска сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух. Во 23 училишта во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух. Тоа значи дека од денеска па натаму, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух, особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот. Вредноста на прочистувачите е околу 11 милиони денари, изјави градоначалникот Шилегов.
Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое училиште.
-Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите сограѓани, децата се наша иднина и нивното здравје е наш приоритет. Имаме обврска да создаваме услови за здраво живеење, да ги намалуваме ризиците по здравјето на граѓаните, да овозможиме што поздрава животна средина за сите вклучително и за младата популација. Ученичката популација е движечка сила на општеството и на нашиот град и секој чекор вложен во нив е директен влог во иднината, додаде Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.