Секогаш треба да го кажувате она што го мислите, но понекогаш треба да го препознаете моментот кога е најдобро да замолчите.
Кога сте во тек на расправија, тишината ќе ви помогне да го сослушате она за што ви говори партнерот. Кога сте на ред да реплицирате, размислете пет секунди за тоа што ќе кажете.
Кога разговорот е бесмислен, најдобро е да молчите
Ако сакате да поправите нечија грешка, иако имате намера да помогнете, немојте да ја советувате непознатата личност, особено ако не ја познавате.
Доколку ќе навредите некого
Можеби сметате дека никогаш не би навредиле некој човек случајно, меѓутоа може да се случи да навредите некого со вашиот сарказам и начинот на кој се шегувате. Најдобро е да внимавате со луѓето кои не ве познаваат.
Ако некој се обидува да ве малтретира
Не комуницирајте со таа личност. Едвај чекаат да им реплицирате за да продолжат со малтретирање. Најдобро е да ги игнорирате.
Доколку ќе повредите нечии чувства
Особено е важно да ги избегнувате негативните коментари. Ако немате убаво мислење за некој човек, подобро е да молчите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.