Министерот за надворешни работи на Унгарија одговори на европските обвинувања за наводна корупција со економскиот раст на земјата
„Европскиот парламент кој бара да се прекине со финансирањето на Будимпешта, ја мрази конзервативната влада во Унгарија, која е против либералниот мејнстрим“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за француската телевизија, а клипот набрзо стана познат.
Тој тврди дека обвинувањата против Унгарија за систематска корупција во земјата се неосновани, бидејќи се во судир со економскиот раст на земјата.
„Брисел во моментов има политички приговори за Унгарија, бидејќи конзервативна, христијанско-демократска влада е тука на власт веќе 12 години. Згора на тоа, ние сме успешни. Секогаш слушам обвинувања дека во Унгарија има корупција. Ако има системска корупција во земја, економијата на земјата немаше да расте. А бруто домашниот производ на државата значително порасна и го надминува европскиот просек. Да имаше системска корупција, немаше да постои“, рече Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија посочи дека Европскиот парламент е политичка институција која носи политички заклучоци.
„Не мразат од политичка гледна точка, затоа што одиме против мејнстримот, но сепак сме успешни. Ова е одлука на унгарските граѓани. Тие земји (кои го поддржуваат механизмот за условување кон Унгарија) секогаш зборуваат за демократија, така што почитувајте ја демократијата! Унгарските граѓани четири пати последователно се избираа дека го сакаат тоа што ние го спроведуваме“, објасни министерот.
Пронајдете не на следниве мрежи: